Дома Топ вести Винисиус до Коке: Ти си губитник, јас имам две титули во ЛШ 🎥

Винисиус до Коке: Ти си губитник, јас имам две титули во ЛШ 🎥

Teнзично дерби одиграа градските ривали, Атлетико и Реал за викендот, а на крајот тоа заврши без победник 1:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На теренот видовме дуели помеѓу неколку фудбалери, меѓутоа посебно внимание привлече оној на Коке и Винисиус. Медиумите во Шпанија повикувајќи се на читачи од усни објавуваат дека што Винисиус во тој дуел му кажал на Коке.

„Ти немаш ништо, јас имам две титули во Лигата на шампионите“, му се обратил Бразилецот на Коке покажувајќи му два прста.

Винисиус не застанал тука, па продолжил: „Да, две, ти ниту една“. Коке на тоа само иронично аплаудираше.

„Ги изгуби двете финалиња, јас двете ги победив. Ти губиш затоа што си лош, а јас победувам. Затоа играм во Реал“, завршил бразилскиот фудбал пред да биде смирен од Модриќ и Белингем.

Коке со Атлетико освои све шампионски титули, две титули во Лигата и Европа и кралски куп, но беше поразен во двете финалиња кои ги играше и тоа против Реал Мадрид во 2014 и 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО: Емотивното збогување на Левандовски. Повеќе нема да игра за Барселона

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја одигра својата последна средба пред навивачите на Б…