Германката Анџелик Кербер и Американката Серена Вилијамс ќе се сретнат во овогодинешното финале на Вимблдон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полуфинале Анџелик Кербер ја победи дванесетата тенисерка во светот, Јелена Остапенко со 2:0 (6:3, 6:3).
Кербер ја победи Остапенко после 67 минути игра. Таа четири пати го одзема сервисот на противничката, додека Остапенко направи еден брејк.
Место во финалето обезбеди и Серена Вилијмас откако денес ја совлада Германката, Јулија Гергес исто така со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).
Мечот помеѓу Вилијамас и Герегес траеше 70 минути.
За некогаш најдобрата тенисерка во светот ова ќе биде 10-то финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула.