Роџер Федерер одбраната на титулата на Вимблдон ќе ја започне со дуелот во првото коло против српскиот тенисер, Душан Лајовиќ.
Швајцарецот има отворен пат до полуфиналето во својот дел од костурот, за разлика од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои ќе треба меѓусебно вкрстат во евентуално полуфинале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рафаел Надал ќе тргне против Дуди Села од Израел, Новак Ѓоковиќ ќе стартува против Тенис Сандгрен од САД, додека „домаќинот“ Енди Мари ќе се соочи со Беноа Пер од Франција.
Кај дамите, првата носителка Симона Халеп ќе игра против Куруми Нара, бранителката на титулата Гарбине Мугуруза ќе се сретне со Наоми Броди, додека Серена Вилијамс ќе го почне гранслем – турнирот против Аранча Рус.