Поранешниот играч за врска на Арсенал и екс-репрезентативец Џек Вилшер би можел да добие нова шанса во Арсенал.
Пред три години Вилшер го напушти Арсенал и се пресели во Вест Хем, а без клуб е откако Борнмоут го ослободи минатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега тој доби покана од Артета да тренира со Арсенал, тоа може да биде и почеток на нова соработка.
„Да се биде со добри пријатели и да тренирате со играчи од светска класа е нешто што ме прави среќен. Се надевам ќе разговараме и околу иднината“, изјави Вилшер.