Дома Фудбал Останато Виери следеше се, па му „врати“ на Калиниќ, а тој остана без одговор (фото)

Виери следеше се, па му „врати“ на Калиниќ, а тој остана без одговор (фото)

После разочарувачката сезона во дресот на Милан и напуштањето на Хрватска на Мундијалот, Никола Калиниќ се подготвува за нова авантура овој пат во Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот сака да покаже колку вреди после неуспехот на „Сан Сиро“.

„Пристигнувам во клуб кој секоја година игра во Лигата на шмпионите и се бори за сите трофеи“, изјави Калиниќ на претставувањето.

Претходно неговиот потег ги разбесни навивачите на Милан бидејќи под фотографијата на Леонардо Бонучи при неговото враќање во Јувентус напиша „Голем“, а неговите зборови во прес-конференцијата се сфатени како провокација за славниот клуб од Милано.

Сето тоа го следеше легендарниот Кристијан Виери кој одлучи да му врати.

„Зборуваш така затоа што никогаш не си бил вреден дел од Милан. Форза Милан“, напиша Виери, порака на која Калиниќ не засега не одговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…