Поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед зборуваше за српскиот стопер Немања Видиќ.
Пол Погба игра како препороден после заминувањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во клубот. Погодува и мести голови, а пофалби стигнуваат од сите страни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Немања Видиќ смета дека ако Погба продолжи со вакво темпо може да биде кандидат за освојување на Златната топка веќе оваа година.
„Дури и во времето додека јас играв за Манчестер, сакате да имаете некој лидер кој може да превземе одговорност во секое време. Таквите играчи не треба многу да зборуваат, треба да бидат пример за останатите. Пол Погба е фантастичен фудбалер, поседува огромен талент, покажа колку е добар, меѓутоа доколку почне да трча и да го прави она што најдобро го знае ми изгледа дека може да ги нападне сите индивидуални признанија. Погба може да стане најдобар играч во светот, да ја освои Златната топка“, изјави Видиќ.
На последните 12 натпревари Погба постигна девет и намести шест голови што е голем напредок во однос додека играше под водство на Мурињо кога на 20 натпревари постигна само пет голови и четири пати асистираше.
„Ако продолжи да прикажува вакви настапи во континуитет, може да стане она што го кажав на почетокот: Пример! А тоа е важно за квалитетен играч, посебно за некој кој има репутација како Погба, освојувач е на Мундијалот, играше во Јувентус, освојуваше трофеи…И останатите ќе го следат неговиот пример, ќе допринесат за успесите на Јунајтед. Дури и ако не одигра добро, со самото присуство на теренот тој може да биде од корист“, смета легендарниот српски фудбалер.
https://www.youtube.com/watch?v=plQqAMfnmAM