Дома Фудбал Англија Видиќ за тајната на еден од најмоќните тандеми во историјата – тој и Фердинанд

Видиќ за тајната на еден од најмоќните тандеми во историјата – тој и Фердинанд

Никој стоперски тандем во историјата на фудбалот веројатно не изгледал повеќе моќно од оној кој во Манчестер Јунајтед го сочинуваат Рио Фердинанд и Немања Видиќ.

Од нивното заминување Манчестер Јунајтед нема ни одблиску таква сигурност во одбраната како кога тие беа на теренот. Сега српскиот дефанзивец откри како тој и Рио создале бедем за пет премирелигашки титули.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Покрај тоа, Видиќ и Рио имаат големи заслуги и за Лигата на шампионите од 2008 година, се сметаат за најдобар стоперски тандем во поновата ера на фудбалот и сигурно во топ 5 низ историјата (за многумина најдобар и во овој дел) тоа никако не може да биде без причина.

Еве што имаше да каже Немања Видиќ на ова партнерство.

„Добро се сложувавме и надвор од теренот, тоа многу ни помогна. Рио беше прилично отворен кога дојдов во клубот, ми помагаше во се. Накратко ми помогна да се прилагодам и да се навикнам на клубот и градот“.

„Се градевме низ секој тренинг, всушност комунициравме во текот на секој тренинг цело време. Многу пати кога Рене Меленстен објаснуваше некои вежби јас и Рио зборувавме за нешто друго. Сите играчи ни зборовуваа – замолчете вие дваја, само зборувате“, открива Видиќ.

Потоа Видиќ откри и дека сакале да разговараат за она што се случувало на натпреварите.

„Сакавме да се разбираме меѓусебно, тоа е најважно за дефанзивците – комуникацијата и разбирањето. Позицијата ти зависи и од тој до тебе, напаѓачите не зависат толку многу едни од други, но кога играте во одбраната ситуацијата е поинаква“, заврши Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…