Тимот на Рома синоќа потешко од очекувањата ја победи Болоња (2:1) и освои важни три бода во битката за Топ 4 во Серија А.
Освен головите, овој натпрвар го одбележа и еден гест на капитенот Даниеле де Роси, кој го обиколи светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитенот на „Волчицата“, Даниеле Де Роси натпреварот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе кон средината на вториот дел. Тогаш, Алесандро Флоренци му ја дофрли капитенската лента за да го одигра натпреварот како капитен, но искусниот фудбалер изненади со неговата постапка.
Де Роси само луто одмавна со ракта и ја врати лентата на својот соиграч. Поради овој потег доби бројни пофалби на социјалните мрежи, но и аплауз од трибините.
Daniele de Rossi being subbed on for Roma this evening. Alessandro Florenzi gives him the captain’s armband and he angrily throws it back to him ?
Ultimate leader ?#ForzaRoma #RomaBologna pic.twitter.com/r87bZ9ZmEa
— GiveMeSport Football (@GMS__Football) February 18, 2019