Дома Фудбал Останато Видео: Јунајтед го победи Милан после пенали, Малдини трагичар

Видео: Јунајтед го победи Милан после пенали, Малдини трагичар

Манчестер Јунајтед и Милан одиграа возбудлив пријателски натпревар во Кардиф, кој во регуларниот дел заврши 2:2, а „црвените ѓаволи“ беа подобри после изведување на пенали.

Ова е последен тест за тимот на Солскјер пред почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ први дојдоа во водство преку Рашфорд, кој ја измеша одбраната на „росонерите“ и постигна прекрасен гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, тоа како да го разбуди Милан кој доминираше до крајот на првото полувреме. Израмни Сусо во 26-та минута, а Пјонтек пропушти добра шанса за водство.

Во вториот дел имаше израмнет фудбал, но после еден центаршут на Сусо, Линделоф ја смести топката во својата мрежа. На дваесетина минути до крајот Лингард ги постави конечните 2:2.

Во пенал серијата трагичар беше Даниел Малдини, кој беше единствениот кој не успеа да постигне гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…