Јувентус оствари рутинска победа против Удинезе во рамките на 28-то коло од Серија А, додека Лацио во последна минута се спаси од пораз против Каљари.
Херој на „бјанконерите“ беше Пауло Дибала, кој најпрво во 20-та минута со мајсторски гол од слободен удар го отвори резултатот, а на почетокот на второто полувреме ги постави конечните 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над младиот Аргентинец беше направен и пенал во првото полувреме, но Игуаин не успеа да го претвори во гол.
Лацио успеа да се спаси од пораз против Каљари буквално во последните минути од мечот. Имено, домаќините водеа со 2:1 и кога се чинеше дека ќе ги освојат трите бода, Имобиле во 95-та минута донесе израмнување.
Сампдорија доживеа тежок пораз од 4:1 на гостивањето кај Кротоне, Аталанта запиша гостинска победа над Болоња, додека Сасуоло и СПАЛ ги поделија бодовите (1:1).