Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето кај Удинезе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа мечот не започна на најдобар начин за „старата дама“ бидејќи Удинезе поведе со голот на Перица. После неколку минути Самир си постигна автогол, а Кедира донесе комплетен пресврт.
И кога се чинеше дека Јуве ја има контролата Манџукиќ влезе во вербален дуел со Али Аднан и судијата Довери му покажа два жолти картони во неполна минута.
На почетокот на второто полувеме Данило израмни на 2:2, а потоа на сцена стапија „бјанконерите“. Најпрво Ругани донесе предност, а потоа Кедира постигна уште два гола. Конечните 2:6 ги постави Пјаниќ во послдната минута.