Јанг Бојс со два гола во две минути го елиминира Динамо Загреб од Лигата на шампиони. Без ЛШ остана и Бобан Николов со Мол Види, Ајакс одработи рутински.
Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб, поради повреда го напушти мечот уште во 32 минута. Мечот започна добро за хрватскиот тим кој поведе уште во седмата минута со гол на Хајровиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој резултат беше актуелен до 64 минута, кога Оро од пенал израмни на 1-1, а само две минути подоцна истиот играч донесе предност за швајцарскиот тим од 1-2 за шок на „Максимир“.
Видеотон (Мол Види) беше во полоша ситуација откако го загуби првиот натпревар на домашен терен со 2:1, а Николов беше стартер и одигра едно полувреме во кое заработи жолт картон. Тој и неговите соиграчи стигнаа до резултат 1:1 во Атина, па тоа не беше доволно за елиминација на АЕК кој влезе во ЛШ.
Ајакс ја задржа предноста од првиот меч, кој вечерва одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Киев што беше доволно за пласман во групната фаза.