Дома Фудбал ВИДЕО: Што би било Косово да е на Мундијалот? На улиците во Приштина како во Цирих

ВИДЕО: Што би било Косово да е на Мундијалот? На улиците во Приштина како во Цирих

Синоќа Швајцарија ја совлада Србија во второто коло од групата Е со резултат 2:1, а јунаците во големата победа беа Гранит Џака и Џердан Шаќири.

Сепак, Србија одлично го отоври натпреварот и преку Митровиќ поведе во 5. минута, но потоа Џака со одличен удар го израмни резултат во 53. минута, за Шаќири во 90. минута да погоди за големо славје на Швајцарците.

Славеа, меѓутоа и Албанците (Косовари) кои ја „присвоија“ швајцарската селекција особено во дуелот против Србија, а по голот на Шаќири синоќа на улиците во Приштина било еднакво весело како и на улиците во Берн и Цирих.

Лудата прослава во Приштина започнала во многубројните локали веднаш по голот на Шаќири, за потоа да се прошири низ улиците во овој косовски град. Така ги славеа головите на двајцата фудбалери кои имаат потекло од Косово до доцните часови во најголемиот град во оваа држава.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…