Со головите на Јехвен Конопјанка во 50 и Налдо во 82 минута Шалке во дербито на 30 коло во Бундес лигата ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
За Шалке беше прва победа против Борусија од 2014 година, а прва со два разлика после пауза од 11 години. Шалке беше тимот кој повеќе напаѓаше во текот на целиот натпревар, а до водство стигна во 50 минута кога Калигури одзема една топката на центарот и го проигра Конопјанка кој погоди за 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот гол беше вистински бомба од Налдо кој испрати топовски удар од околу 25 метри, а Бурки не се ни мрдна од местото.
Шалке со оваа победа се зацврсти на втората позиција додека Борусија во преостанатите четири кола ќе мора да ја брани четвртата позиција која води во Лигата на шампионите наредната сезона.
WHAT A STRIKE FROM NALDO, SCHALKE 2-0 ??? #S04BVB pic.twitter.com/d8oOeTuXmw
— Rambo (@WelshRamsey) April 15, 2018