Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Чудесната парада на Шмајхел со која не дозволи погодок на Бејл

ВИДЕО: Чудесната парада на Шмајхел со која не дозволи погодок на Бејл

smajhel

Данска со 2:1 славеше против Велс во одличен и возбудлив натпревар на најголемите ривали за првата позиција во групата Б.

Данците со оваа победа ја обезбија првата позиција на едно коло пред крајот. Гостите стигнаа до водство 42-та минута преку Николаи Јоргенсен после одличната брза контра. На 2:0 зголеми Марти Браитвајт во 88-та минута.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една минута подоцна Герет Бејл успеа да намали на 1:2, а тоа беше и конечниот резултат.

Сепак, кој знае како ќе завршеше овој натпревар доколку на осум минути пред крајот при резултат 1:0 за Данска Каспер Шмајхел не направеше чудо на голот.

Бејл изведе одличен слободен удар од околу 25 метри, топката одеше под пречката, но данскиот чувар на мрежата со фантастична парада го одбрани својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …