Фудбалерите на Црвена Звезда се изборија за историски пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. ПСВ и Бенфика рутински ја завршиај работата.
Српскиот шампион направи чудо во Салцбург и успеа да се избори за реми (2:2) иако имаше негатива од два гола. После ремито без голови во Белград тој резултат беше доволен за историски успех.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред самиот крај на првиот дел од мечот домаќините дојдоа до водство благодарение на голот на Дабур по асистенцијата на Улмер. Веќе на самиот старт од второто полувреме судијата Чакир досуди дискутабилен пенал за Салцбург, а стрелец повторно беше Дабур за 2:0.
Гостите не се предадоа и постигнаа два гола за две минути. Најпрво Бен во 65-та минута погоди по одличниот центаршут, а една минута подоцна истиот играч го израмни резултатот. Црвена Звезда до крајот успеа да ја зачува мрежата и да се пласира во групната фаза од ЛШ.
Холандскиот ПСВ на домашен терен со 3-0 го совлада тимот на Бате Борисов, додека Бемфика успеа да го победи ПАОК на гостински терен со 4:1.