Баер Леверкузен победи на гостувањето кај Фрајбург и се искачи на третото место на табелата.
Херој за „фармацевтите“ повторно беше Каи Хаверц кој го постигна единствениот гол во 54-та минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хаверц игра во неверојатна форма и денес го постигна 5-от гол по продолжувањето на Бундеслигата, па неговата цена секојдневно расте.
Хаверц постави и нов рекорд бидејќи стана прв фудбалер кој во Бундеслигата постигнал 35 голови пред да наполни 21 година.
Со оваа победа Леверкузен се искачи на третата позиција на табелата со 56 бода, додека Фрајбург останува осмата позиција.