ЈУВЕНТУС не престанува да победува, а Душан Влаховиќ не престанува да постигнува голови.
Старата дама славеше на гостувањето кај Лече со резултат 0:3 во 21. коло од италијанската Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус со оваа победа скокна на првото место на првенствената табела со еден бод пред Интер, со одигран натпревар повеќе.
За Јувентус оваа победа беше седма по ред во сите официјални натпреварувања, а последниот пораз го доживеа пред нешто помалку од четири месеци.
Првите два гола на натпреварот ги постигна Душан Влаховиќ (во 59. и 68. минута).
Српскиот напаѓач е во неверојатна форма. На последните пет првенствени натпревари постигна шест гола и две асистенции и се искачи на второто место во листата на стрелци во Серија А.
Бразилецот Бремер ја заврши работата за Јувентус со гол во 85. минута од натпреварот.