Вечерва во рамките од Премиер лигата својот натпревар го одиграа екипите на Арсенал и Манчестер Сити.
Манчестер Сити вечерва одигра одлично едно полувреме што беше доволно за избраниците на Пеп Гвардиола да стигнат до победа од 0:3.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ после нешто повеќе од половина час успеаа да постигнат три погодоци во мрежата на „топчиите“.
Барнардо Силва во 15 минута постигна прекрасен гол за отварање на резулатот. Потоа Давид Силва зголеми на 0:2 во 28 минута од средбата, а одличниот Лерој Сане во 33 минута постигна погодок за убедлива предност.
Гостите на шест минути пред крајот на полувремето имаа одлична прилика за четврти погодок, но Петар Чех го одбрани ударот на Серхио Агуеро од непосредна близина.
Арсенал во текот полувремето испрати неколку закани, но избраниците на Венгер не успеаа да создадат ниту една 100% шанса. Најсериозна закан беше ударот на Гранит Џака кој го одбрани Едерсон.
Во вториот дел гледавме многу помирен фудбал. Пеп Гвардиола како да ги советувал своите фудбалери на полувремето да застанат и да ја чуваат предноста. Арсенал од друга страна пак на стартот од полувремето пропушти прилика од пенал да ја намали предноста. Бразилецот Едерсон го одбрани ударот од 11 метри на Пјер-Емерик Обамјеанг.
На крајот „граѓаните“ си заминаа од „Емирати“ со сигурна победа од 0:3