Дома Фудбал Италија (Видео) Трајковски со ХЕТ-ТРИК за Палермо!

(Видео) Трајковски со ХЕТ-ТРИК за Палермо!

Екипата на Палермо во првиот официјален натпревар сезонава во рамките од Купот на Италија славеше со убедливи 5:0, а хет-трик во овој натпревар постигна македонскиот интернационалец, Александар Трајковски.

Палермо играше натпревар против тимот на Виртус, во кој беше апсолутен фаворит, а на крајот и успеа да ја оправда фаворитската улога, свое шоу во овој натпревар имаше Александар Трајковски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека најдобар играч на Палермо минатата сезона беше Илија Несторовски, а сега на стартот на новата сезона се буди и вториот Македонец во тимот од Сицијилија. Трајковски постигна два гола уште во првото полувреме, по што Палермо на полувреме замина со одлична предност, во вториот дел погоди Aлесами, за потоа Трајковски да го постигне и третиот гол на натпревар, конечните 5:0 ги постави Ла Гумина.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете како легендата на Манчестер Јунајтед го прослави победничкиот гол на Реал Мадрид

РИО ФЕРДИНАНД, поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионит…