Дома Фудбал Германија (Видео) Страшни сцени во Бундеслигата: Стадионот занеме, докторите се бореа за неговиот живот!

(Видео) Страшни сцени во Бундеслигата: Стадионот занеме, докторите се бореа за неговиот живот!

genter

Екипата на Штудгарт слваше на вчерашниот натпревар против Волфсбург, но после натпреварот никого не го интересираше конечниот резултат.

Имено сите беа во исчекување на вести за состојбата на фудбалерот од редовите на Штудгарт Кристиан Гентер, кој во 86 минута од средбата во жарот на борбата несреќно доби удар од коленото на голманот Коен Кстелс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После сударот со голманот на гостите Гентер падна како покосен на теренот со крваво лице и без свест.

„Тоа беа драмтични моменти, стравувавме за состојбата на Гентер“, изјави тренерот на Штудгарт, Ханес Волф, а спортскиот директор Михаел Решке додаде:

„Кој знае што ќе се случеше доколку докторите не реагираа така брзо“.

Докторот Рајмонд Бест во критичните моменти го извлече јазикот на Гентер и на тој начин веројатно му го спаси и животот. Фудбалерот веднаш беше пренесен во болница, по што му беше дијагностицирана голема скршеница на носот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…