Дома Фудбал Репрезентации Видео: Србија на Светско првенство, Хрватска во бараж

Видео: Србија на Светско првенство, Хрватска во бараж

Србија со победата од 1:0 против Грузија обезбеди директен пласман на Светското првенство во Русија, додека Хрватска покажа класа во Киев и избори бараж.Директен пласман на СП обезбеди и Исланд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Александар Приовиќ постигна гол на 17 минути пред крајот на натпреварот, за Србија со 1:0 да го скрши отпорот на Грузија и да го освои првото место во групата Г во квалификациите за СП во Русија во 2018 и да обезбеди директен пласман.

На Република Ирска на гостувањето во Велс, исто така им беше потребен еден гол, на Џејмс Мекклин за да во директен дуел да го победат главниот ривал и да обезбедат место во баражот за СП.

Хрватска со нов селектор покажа класа кога најмногу беше потребно и ја победи Украина во Киев во директниот дуел за бараж. Андреј Крамариќ постигна два гола за помалку од 10 минути за „коцкестите“ да го решат прашањето за баражот.

Исланд со головите на Сигурдсон и Гудмундсон славеше над Косово и го обезбеди првото место во Групата И.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…