Атлетико Мадрид на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Родриго де Пол во четвртата и Самуел Нино во 32. минута беа стрелци за мадриѓаните, додека Себастиен Халер во 82. минута за Борусија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот дел дојде до дуел помеѓу тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел. Кел се пожали на наводниот прекршок на Де Пол врз капитенот на Борусија, Емре Чан, но судијата Марко Гуида ја продолжи играта, а Атлетико тргна во напад, што не и се допадна на клупата на Дортмунд.
Веднаш е спречен поголем конфликт што можете да го погледнете на видеото подолу.
— karola’s media acc (@hidurmi) April 10, 2024