Милан и Јувентус одиграа возбудлив меч во полуфиналето на Купот, кој заврши со резултат 1:1, па во реваншот ќе се решава патникот во финалето.
Пред преполниот „Сан Сиро“ Милан одигра одличен меч, но сепак не беше доволно за победа против актуалниот шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првото полувреме главна видовме борба на средината на теренот, со неколку спорадични шанси на двете страни.
Во второто полувреме Милан играше подобро и добрата ја игра ја материјализира со водство преку Анте Ребиќ во 61-та минута.
Десетина минути подоцна „росонерите“ останаа со играч помалку откако судијата му покажа втор жолт картон на Тео Хернандез.
Сепак, Јувентус не можеше да ја искористи бројчаната предност и не создаде ниту една посериозна шанса пред голот на Донарума.
Во 90-та минута судијата покажа на белата точка после играта со рака на Калабрија, а Роналдо беше прецизен од белата точка.