Дома Фудбал Репрезентации Видео: Роналдо го победи Салах, реми на Германија и Шпанија, Аргентина подобра од Италија…

Видео: Роналдо го победи Салах, реми на Германија и Шпанија, Аргентина подобра од Италија…

Вечерва низ светот беа одиграни голем број пријателски натпревари, ви го носиме прегледот од оние најинтересните.

Секако најголемо внимание привлекуваше дуелот помеѓу Германија и Шпанија. Овие две големи репрезентации апсолутно ги оправадаа очекувањата одиграа атрактивен натпревар со шанси и на двете страни.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако како што кажавме гледавме натпревар со одлични шанси сепак видовме само два погодоци.

Шпанците први стигнаа до предност. Родриго погоди за водство во шестата минута од средбата, додека Германија до изедначување стигна со прекрасниот гол на Томас Милер во 35 минута од средбата.

До крајот на првиот дел, како и во вториот видовме неколку одлични шанси, но Лорис на една и Де Геа на другата страна беа одлични, па средбата заврши без победник 1:1.


Селекцијата на Англија во прилично изедначен натпревар успеа да стигне до победа минимална победа од 0:1. Единствениот гол за Англичаните го постигна фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард во 59 минута од средбата.

Репрезентацијата на Италија која не успеа да се пласира на Мундијалот во Русија вечерва во Манчестер играше натпревар против Аргентина. „Гаучосите“ на оваа средба стигнаа до победа од 2:0 со погодоците на Банега и Ланзини.


Натпреварот помеѓу Португалија и Египет секако привлекуваше внимание поради дуелот на Кристиано Роналдо и Мохамед Салах кој игра во неверојатна форма. Како и Англија, Португалија успеа да стигне до минимална победа против Египет. Токму тие двајца беа оние кои ги постигнаа трите погодоци. Салах го доведе Египет во водство, а во финишот Роналдо постигна два погодоци за целосен пресврт на Португалија.



Натпреварот помеѓу Франција и Колумбија започна нешто подоцна.

Останати пријателски натпревари

Србија – Мароко 1:2

Австрија – Словенија 3:0

Полска – Нигерија 0:1

Шкотска – Костарика 0:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …