Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Рекордот на Дончиќ не беше доволен за победа на Далас, како и 35-те поени на Харден за Хјустон

ВИДЕО: Рекордот на Дончиќ не беше доволен за победа на Далас, како и 35-те поени на Харден за Хјустон

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само два натпревари.

Лука Дончиќ вчера постави нов рекорд на кариерата кога во прашање се поените во НБА лигата, но ниту тоа не беше доволно за Далас да дојде до победа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Маверикс во „Стејплц Центарот“ го диживеаа 15-тиот пораз во сезоната, а ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со резултат 125:121.

Дончиќ повторно беше одличен. Постигна 32 поени, но тоа не беше доволно за победа на неговиот Далас. Чудесниот Словенец на одличниот поентерски учинок додаде пет асистенции и четири скока. Бареа уфрли 19 поени, а одличен беше Деандре Џордан со 11 поени и дури 22 скока.

Клиперси до победата беа предводени од Данило Галинари со 32 поени, додека Лу Вилијамс уфрли 26.

Во вториот натпревар Мајами на свој паркет го победи Хјустон со 101:99. Гостите од Тексас имаа шут за победа, но Ерик Гордон промаши, па Хит стигна до триумф.

Џош Ричардсон со 22 и Тајлер Џонсон со 19 поени ги предводеа домаќините до победа, додека кај Хјсутон Џејмс Харден запиша 35 поени од кои 15 беа од слободни фрлања со очаен шут 7 од 23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…