Дома Фудбал Останато Видео: Реал конечно победи, хет-трик на Бензема

Видео: Реал конечно победи, хет-трик на Бензема

Реал Мадрид конечно успеа да им се врати на победите после серијата порази во подготвителниот период и го победи Фенербахче (5:3) во рамките на „Ауди Купот“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличен натпревар одигра Карим Бензема, кој постигна „хет-трик“ и беше најзаслужен за победа на „кралевите“.

Фенербахче го отвори резултатот со прекрасен гол на Гари Родригез, но Реал стигна до пресврт со два гола на Бензема. Потоа следуваше израмнување на турскиот клуб преку Набил Дирар.

Во 53-та минута Бензема постигна трет гол за нова предност, но неколку минути подоцна Фенер повторно израмни преку Туфан.

Потоа Начо и Маријано ја комплетираа голеадата за конечни 5:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна одлука: Тухел останува селектор на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел има целосна поддршка од Фу…