Дома Фудбал (Видео) Покер од Ница за Монако, Балотели двоен стрелец

(Видео) Покер од Ница за Монако, Балотели двоен стрелец

На серијата на победа на клубот од Кнежеството денес и дојде крај и тоа каков крај…

После 24 натпревари без пораз сметајќи ја и претходната шампионска сезона, Монако вечерва дожиева вистински дебакл на достувањето кај екипата на Ница.

Натпреварот заврши со резултат 4:0 за домаќините. Серијата ја отвори Марио Балотели уште во шестата минути со удар од белата точка. Само дваесетина минути подоцна домаќините ја зголемија предноста, а стрелец беше Плеа.

Надежите дека Монако може да направи нешто во овој натпревар траеа до 60 минута кога Балотели после уфрлувањето на Соке од денста страна го постигна својот втор погодок за убедливи 3:0.

Во финишот 18 годишниот Камерунец, Игнатиус Ганаго ја искористи контрата на домаќините и ги постави конечните 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…