Дома Топ вести Видео: Познат шпански новинар ја шокираше Шпанија – Икарди станува „крал“ на 26 декември, Интер добива 92 милиони евра!?

Видео: Познат шпански новинар ја шокираше Шпанија – Икарди станува „крал“ на 26 декември, Интер добива 92 милиони евра!?

icardi

Познатиот шпански новинар Пипи Естрада пренесува изненадувачка и шокатна вест.

Според неговите извори Мауро Икарди ќе стане нов „крал“. Естрада дури и го наведува точниот датум на пристигнување на Мауро Икарди и сумата која што Реал ќе ја плати.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Па така тој тврди дека Икарди во Мадрид пристигнува на 26 декември, а трансферот ќе изнесува 92 милиони евра.

Во продолжение тој наведува и детали за начинот на кој Реал ќе ја исплати сумата и платата кој ќе добива Аргентинецот.

Тој пишува дека Интер ќе добие 80 милиони евра веднаш во јануари, а дека 12 ќе бидат исплатени преку бонуси. Според Естрада еден од најдобрите фудбалери во Серија А би требало да заработува девет милиони евра по сезона, но би добил и 30% правата на продажбата на својот лик.

Оваа сезона 24 годишниот Икарди постигна 16 погодоци на 15 натпревари и е еден од најважните фудбалери на Интер кој е лидер во италијанското првенство.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …