Дома Фудбал Англија Видео: Погледнете како Пол Гаскоњ му дава на Вејн Руни 40 фунти

Видео: Погледнете како Пол Гаскоњ му дава на Вејн Руни 40 фунти

roney

Пол Гаскоњ ги посети просториите на својот поранешен клуб, а токму таму имаше интересна средба со поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Во периодот од 2000 до 2002 година Гаскоњ ги бранеше боите на Евертон каде што немаше преголем успех.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За „карамелите“ своевремено запиша 32 настапи и постигна само еден погодок, но „Гудисон“ му остана во убави сеќавања. Гаскоњ го искористи своето слободно време да намине до Ливерпул каде што имаше интересна средба со Вејн Руни.

Газа на искусниот фудбалер му кажа дека дошол да го наплати долгот стар 18 години. Секако, во прашање е шега, но оваа приказна има своја позадина.

Имено, додека беше член на Евертон во еден прилика го следел настапот на У19 екипата за која тогаш настапувал 14 годишниот Руни.

Руни постигнал два погодоци и донел победа на својата екипа, а Гаскоњ влегол во соблекувалната на овие момци и понудил 40 фунти за оној кој сака да оди на забава. Руни ја подигнал раката и Гаскоњ го почестил со 40 фунти.

„После натпреварот влегов во соблекувалната да им честитам. Имав 40 фунти и ги прашав дали некој оди на забава. Вејн Руни кажа дека оди тој, па му дадов 40 фунти“, откри Гаскоњ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…