Дома Фудбал Италија (Видео) Победа за Наполи, Зиеленски „отпадок“ претвори во прекрасен погодок, Кутроне и Сусо творци на победата на Милан

(Видео) Победа за Наполи, Зиеленски „отпадок“ претвори во прекрасен погодок, Кутроне и Сусо творци на победата на Милан

Денес во вечерниот термин од третото коло во Серија А беа одиграни шест натпревари, во кое имаше неколку изненадувања.

Тимот кој најмногу потроши на засилувања оваа година во Серија А, Милан одигра реми 1:1 против Каљари.  Гостите во овој натпревар се покажаа како незгоден противник и во поголемиот дел од натпреварот беа рамноправен противник. Сепак „росонерите“ успеаа да го отворат резултатот, стрелец на голот беше Патрик Кутроне кој полека прераснува во вистински миленик кај фановите на италијанскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со голот на Кутроне Милан замина со предност на полувремето. Во вториот дел Каљари успеа да го најде патот до мрежата на Донарума и тоа после една грешка во последната линија на „росонерите“, егзекутор беше Бразилецот Жоао Педро. Конечните 2:1 ги постави фудбалерот кој беше асистент при голот на Кутроне, Сусо, со одличен погодок од слободен удар во 70 минута од средбата.

Милан после оваа средба има максимален учинок од две победи во првите две кола во следното коло „росонерите“ ги очекува гостување во Рим каде што ќе играат против тимот на Лацио.


Наполи вечерва играше против Аталнта која се покажа како незгоден противник за домаќините. Гостите од Бергамо први дојдоа до водство, после еден изведен корнер на Гомез, топката во мрежата на Наполи ја смести Кристан.

Домаќините се разбудија дури во вториот дел. Зиелнски постигна прекрасен погодок после еден отпадок од работ на шеснаесетникот упати волеј, после кој Бериша не можеше ништо до направи. Само пет минути подоцна, Наполи стигнува до целосен пресврт преку Мертенс кој беше само реализатор на одличната акција на наполитанците. До крајот на средбата Наполи стигна и до трет погодок кој беше дело на Марко Рог.




Во останатите натпревари, Спалго на домашен терен славеше против Удинезе со резултат 3:2, а еден од стрелците за домаќините беше и Марко Бориело, Фиорентиа запиша домашен пораз од екипата на Сампдорија, Лацио слваше против Киево со 1:2, додека Кротоне и Верона одиграа без погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…