Хуманитарната организација „Заедно за живот“ продолжува со хумантиарните интернет аукции на дресоци, а после српските прославени клубови и спортисти, се вклучи и премиерлигашот Стоук.
Повикот за вклучвање во акцијата го упати прославениот англиски фудбалер Питер Крауч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На аукцијата понуден е дрес потпишан од страна на фудбалерите на Стоук како што се Питер Крауч, Курт Зума, голманот на англиската репрезентација Џек Бутланд…
„Би сакал да ги повикам сите да се вклучат во акцијата за купувањето на дресот кој го потпишавме јас и моите соиграчи“, порача Крауч.
Покрај дресот обезбеден е и единствен сертификат со кој Стоук потврдува дека дресот е оригинален како и потписите на него.