Дома Фудбал Италија Видео: „Петарда“ на Интер, хет-трик на Перишиќ – Цела Италија со нетрпение ќе го чека следниот викенд!

Видео: „Петарда“ на Интер, хет-трик на Перишиќ – Цела Италија со нетрпение ќе го чека следниот викенд!

Со почеток од 15:00 часот во италијанската Серија А се одиграа три натпревари.

Тимот на Интер кој оваа сезона игра одлично запиша убедлива победа над Киево од 4:0. Со оваа победа „нероаѕурите“ како лидери на табелата влегуваат во дербито кое наредниот викенд го играат против Јувентус.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Нероаѕурите“ одиграа одличен натпревар и не оставија никаква надеж за гостите од Верона дека можат да направат нешто повеќе во овој натпревар. Иван Перишиќ го отвори резултат со голот во 23 минута од средбата. Во 38 минута Мауро Икарди го искористи правовременото додавање од Брозовиќ и зголеми на 2:0, резултат со кој замина на полувремето.

Во вториот дел Перишиќ го постигна и својот втор погодок на натпреварот и тоа во 57 минута за водство од 3:0. На 4:0 зголеми Скриниар на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа по додавањето од Антонио Кандрева. Во финишот од натпреварот Перишиќ го постигнува и својот трет гол за високи 5:0.

Како што споменавме, Интер во следното коло му гостува на Јувентус и тоа ќе биде натпревар кој со нетрпение ќе го очекуваат и двете страни.

Во останатите два натпревари, Фиорентина со 3:0 го совлада Сасуоло, додека Болоња и Каљари одиграа 1:1.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…