Неверојатен пресврт направи Партизан против Армани од Милано во 13. коло од Евролигата.
Пред 20.000 навивачи во белградска арена победи со 82:69, иако гостите и понатаму имаа навидум недостижни 15 поени предност (60:45) кон средината на третата четвртина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Партизан потоа за чудо ја засили одбраната, што предизвика ураган од трибините на преполната сала, избраниците на Обрадовиќ играа како во транс, а Италијанците исчезнаа.
До крајот на натпреварот постигнаа само 9 поени, а Партизан 37 поени. Ситуацијата на четири минути пред крајот на натпреварот сведочи за тоа како Партизан играше во одбрана, но и колку неверојатно згрешиле играчите на Армани.
Милано поради четири офанзивни скока имаше дури четири напади во низа, но никогаш не успеа да постигне кош поради одличната одбрана на Партизан, но и поради потегот на Обрадовиќ.
Имено, тој свесно ризикуваше оставајќи некои играчи на Армани сами на линијата за три поени, што му се исплатеше. Нереалниот кам-бек на Партизан го режираше Кевин Пантер со 19 поени, Бруно Кабокло со 16 поени и 5 скока и Зек Ледеј со 15 поени. Кај гостите се истакнаа Шевон Шилдс (19) и Маодо Ло со 12 поени, 4 скока и 5 асистенции.
Партизан со чудесен пресврт оствари многу важна победа. Со оваа победа се зацврсти во горниот дел од табелата со скор од 7 победи и 6 порази.
Видеото погледнете го ТУКА