Дома Останати Кошарка НБА Видео: Оклахома рутински, Лејкерси со трета победа

Видео: Оклахома рутински, Лејкерси со трета победа

Оклахома без многу проблеми славеше на гостувањето кај Милвоки, а Лејкерис стигна до третиот триумф победувајќи го Детроит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лос Анџелес Лејкерс одигра одлична партија и на домашен терен го декласираше тимот на на Детроит Пистонс со резултат од 113:93. Седум кошаркари успеаа да постигнат двоцифрен број на поени,а предводник беше Џулиус Рендл со 17 поени додека кај поразениот Детроит најмногу се истакнаа Реџи Џексон и Тобиас Херис со постигнати по 18 поени.

Една од најзасилените екипи во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер забележа важна победа на гостувањето кај Милвоки. Пол Џорџ запиша 20 поени и беше најефикасен поединец, а и вториот новајлија, Кармело Ентони блескаше со 17 поени и 8 скока. Првата клупска ѕвезда, Расел Вестбрук беше на чекор до нов „трип-дабл“, но застана на 12 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Резултати:
Индијана – Сакраменто 101:83
Бруклин – Феникс 114:122
Милвоки – Оклахома 91:110
ЛА Лејкерс – Детроид 113:93

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…