Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео од соблекувалната ја откри тактиката на Дешам: Внимавајте, Манџукиќ! Дајте му ја топката на Килијан! (видео)

Видео од соблекувалната ја откри тактиката на Дешам: Внимавајте, Манџукиќ! Дајте му ја топката на Килијан! (видео)

Репрезентацијата на Франција стигна до титулата светски шампион на Мундијалот во Русија, во финалето ја победија Хрватска со 4:2.

Дидие Дешам одлично ја сложи својата. Во текот на Мундијалот „триколорите“ изгледаа навистина едноставно, а таква била и тактиката, доказ за тоа е видеото кое се појави од полувремето на финалниот натпревар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играта на Французите се темелеше на брзата транзиција и проследување на топката до брзите крилни играчи, посебно Килијан Мбапе, со посебно внимание на Марио Манџукиќ, токму тоа бил главниот совет на Дешамп при водството од 2:1 против Хрватска.

„Веднаш ќе го бараат Манџукиќ. Манџукиќ ќе им ја спушта со глава. Внимавајте на него. Тој може да добива воздушни дуели, бидете внимателни. Немојте да бидете статични, движете се. Затварајте ги“, бил советот на Дешам кој може да се види во видеото објавено од француската телевизија „ТФ1“.

Кога во прашање е нападот, тука советот бил прилично едноставен.

„Додавајте побрзо. Дајте му ја топката на Килијан“, кратко советувал Дешам, додека Гризман добил совет да се отвара нешто поблиску до средината.

„Антоан, врати се малку во текот на контрите. Стоиш преблиску до напаѓачите, треба да бидеше отворена опција. Имаме уште 45 минути! Знаете што следи! Дигнете ги главите, опуштете се! Кога ја имате топката, „бууум“! Дајте ја напред!“

Откако Дешам го заврши говорот во советите се приклучија и дел од играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…