Нејмар нема по добро да го памети првото големо дерби помеѓу Марсеј и ПСЖ. Иако постигна гол, сепак пред време го заврши натпреварот.
Најскапиот фудбалер во светот ги загуби нервите и доби два жолти картони, па не го дочека последниот свиреж. И без него ПСЖ успеа да остане непоразен со голот на Кавани во судиското продолжение.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвениот картон беше претеран и неправеден. Постојано ме фаулираа, имам модринки по целото тело. Реагирав, бидејќи ме фаулираа по којзнае кој пат. Ме удрија одзади и затоа се налутив“, прокоментира Нејмар.