Дома Фудбал Видео: Неочекуван херој, пречката и ЧУДЕН гол му донесоа голема победа на Ливерпул

Видео: Неочекуван херој, пречката и ЧУДЕН гол му донесоа голема победа на Ливерпул

Градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон беше решено во последната минуа од судиското продолжение и тоа со гол кој беше во најмала рака – чуден.

Кога сите помислија дека ќе нема победа на „Енфилд“, во последната минута од судиското продожение Ливерпул стигна до голема победа, а херој беше Дивок Ориги.

Ван Дајк не ја зафати добро топката, а таа со чудна траекторија го измами голманот Пикфорд и наместо во гол-аут, удри во пречката, па се врати на теренот каде Ориги лесно ја смести во мрежата.

Во текот на сите 90 минути гледавме интензивен фудбал, со многу шанси на двете страни, но голманите беа на вистината на задачата.

Сепак, на краjот помалку „среќно“ се радуваше Ливерпул и ја задржа разликата на табелата со лидерот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од хет-трикот во 1994 до баражот: Ѓуровски предупредува на посилен Кипар

Првиот репрезентативен хет-трик го постигна против Кипар, но Бошко Ѓуровски очекува неизве…