Дома Фудбал Останато Видео: Младите Шпанци повторно на врвот на Европа!

Видео: Младите Шпанци повторно на врвот на Европа!

По петти пат во историјата, младата репрезентација на Шпанија е европски шампион за играчи до 21 година!

Шпанците во финалето ги надиграа своите врсници од Германија и заслужено се искачија на врвот на Европа.

Резултатот беше отворен на стартот од мечот, Фабиан Руиз постигна фантастичен гол и заслужено на крајот беше избран за МВП на првенството.

Младите „панцери“ вториот дел го започнаа поофанзивно, па во 69-та минута преку една контра Дани Олмо стави печат на победата на Шпанија постигнувајќи гол за 2:0.

До крајот упорните Германци успеаа само да го ублажат поразот со голот на Амири на две минути пред крајот.

https://youtu.be/4JU98YKKrxk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Беше сензација на Мундијалот, а сега се враќа во Премиер лигата во трансфер вреден 50 милиони евра

Фоларин Балогун е на прагот на големо враќање во Премиер лигата. Напаѓачот на репрезентаци…