Радамел Фалкао оваа сезона блеска во Монако, за кого постигна веќе 17 гола во сите натпреварувања.
Искусниот Колумбиец синоќа во дуелот со Каен беше стрелец на еден од двата гола на својот тим во победата од 2:0, но тоа што го направи е вистинска мајсторија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се играше 85. минута кога Фалкао ја прими топката на центарот на игралиштето и без размислување шутираше кон противничкиот гол. Голманот на Каен, Самба не беше баш добро поставен и на своја кожа почуствува колку Колумбиецот е опасен, дури и кога е оддалечен од голот 40 метри.
Мајсторијата на Фалкао дефинитивно ќе конкурира за еден од најубавите голови во Франција оваа сезона.