Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа над Њукасл и ги израдува фабовите на „Олд Трафорд“ за „Боксинг Деј“.
„Црвените ѓаволи“ лошо го отворија мечот и веќе во 17-та минута имаа негатива откако Мати Лонгстаф го матираше Де Геа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, избраниците на Солскјер брзо се разбудија и по само седум минути го израмнија резултатот, а на 2:1 зголеми младиот Мејсон Гринвуд со прекрасен гол. Рашфорд на четири минути пред крајот на полувремето зголеми на 3:1.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на Манчестер Јунајтед, а конечните 4:1 ги постави Марсијал со својот втор гол.