Својот натпревар од 24 коло во шпанската Примера денес го одиграа екипите на Барселона и Еибар.
Каталонците кои за неколку дена ги очекува тежок натпревар против Челси во Лигата на шампионите успеаа да за стигнат до победа од 0:2
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот гол беше постигнат по 16 минути игра. Магичниот Аргентинец повторно го покажа своето фудбалско знаење и испрати маестрална асистенција до својот соиграч кој го матираше противничкиот голман. За нови возбудвања се чекаше вториот дел.
Прашањето на победникот веројатно беше решено, кога во 66 минута фудбалерот на домаќинот Орељана го заработи вториот жолт картон на натпреварот. Точка на победата на Барселона стави Жорди Алба во 89 минута од средбата.