Koшаркарите на Далас Маверикс вчера на домашен терен беа поразени од Сакраменто со 120:113.
Навивачите вчера имаа прилика да уживаа во уште еден одличен НБА натпревар, а на крајот славеше Сакраменто. Кингси до победата ги предводеше Фокс и Хелид кои уфрлија по 28 поени, а по 15 имаа Бјелица и Богдановиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа по кој знае кој пат после натпреварот најмногу се зборува за Лука Дончиќ. Словенецот одигра уште еден неверојатен натпревар, но за негова жалост Далас не победи. Сепак, за Дончиќ ова беше најефикасен натпревар од доаѓањето во НБА.
Дончиќ на паркетот помина 35 минути и успеа да постигне 28 поени и да запише девет асистенции, шест скокови и една украдена топка. Со овие бројки Дончиќ влезе во НБА историјата станувајќи само шестиот тинејџер во НБА историјата кој на еден натпревар имал ваквов учинок.
With 28 points/9 assists/6 rebounds/1 steal @luka7doncic becomes only the sixth teenager in NBA history with those totals. pic.twitter.com/FqtlGFe4aV
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 17, 2018