Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Леброн дебитираше со дабл-дабл, Лејкерси поразени од Портланд

ВИДЕО: Леброн дебитираше со дабл-дабл, Лејкерси поразени од Портланд

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата видовме три натпревари.

Секако, најголемо внимание привлекуваше натпреварот на Л.А Лејкерси кој се сретна со Портланд, ова беше прв официјален натпревар за Леброн во дресот на Лејкерси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кралот“ сепак не успеа многу да помогне со оглед што неговиот тим беше поразен од Портланд со резултат 128:119.

Лејкерси одлично го отворија натпреварот. На неколку пати имаа плус 10 во текот на првата четвртина, но паднаа во самиот финиш, па Портланд после 12 минути игра имаше предност од 34:31.

Домаќинот го контролираше резултатот и во текот на втората четвртина. Но, Лејкерси не им дозволија премногу да се „одлепат“, на полувреме се замина со резултат 65:63 во корист на Портланд.,

И во продолжение домаќинот добро го контролираше натпреварот, имаа и Лејкерси добри моменти кои не беа доволни за да го свртат резултат. На крајот Портланд славеше со 128:119.

Најефикасен во победничкиот тим беше Демиан Лилард со 28 поени, Ники Стаускас додаде 23, а МекКолум 21 поен.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 26 посени, 12 скокови и шест асистенции, вреди да се спомене и учинокот на Џош Харт од клупата со 20 поени.

Во останатите два натпревари Филаделфија го совлада Чикаго со 127:108, додека Мајами славеше во Вашингтон со 113:112.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…