Фудбалерите на Лацио денес на домашен терен го победија СПАЛ со 4:1 во натпревар од 11-тото коло од италијанската Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лацио без поголеми проблеми го победи СПАЛ кој добар отпор пружи само во првиот половина час игра. Римскиот клуб до предност стигна во 26-тата минута кога Имобиле погоди за 1:0. Сепак, гостите изедначија само две минути подоцна преку Антенучи.
Меѓутоа до крајот на првиот дел Лацио успеа да стигне до 2:1 со нов гол на Имобиле.
Во вториот дел Лацио апсолутно го надигра СПАЛ и создаде голем број прилики пред голот на гостите.
Третиот гол го видовме во 59-тата минута кога Каталди постигна убав погодок за 3:1. Уште поубав гол постигна Пароло кој така ги постави конечните 4:1.
https://www.youtube.com/watch?v=VuBjNgd8_gw