Дома Фудбал Италија Видео: Лацио губитник на денот, важни победи на Болоња и СПАЛ

Видео: Лацио губитник на денот, важни победи на Болоња и СПАЛ

Лацио не го искористи киксот на Милан и загуби на домашен терен од Киево, Болоња и СПАЛ запишаа важни победи во борбара за опстанок.

Мечот започна лошо за Лацио, откако Сергеј Милинковиќ-Савиќ направи непромислен потег, гу удри противничкиот играч и заработи директен црвен картон.

Во второто полувреме гостите го шокираа „Олимпико“ со два гола во пет минути. Вињато во 49-та и Хетемај во 51-та минута му донесоа голема предност на Киево. Лацио до крајот успеа само да го ублажи поразот со голот на Каиседо.

Џенова без нашиот Горан Пандев беше поразена од Торино со 0-1, а Удинезе и Сасуоло ги поделија бодовите (1:1)

Болоња на домашен терен ја победи Сампдорија со 3:0, а СПАЛ запиша важна победа на гости кај Емполи со 2:4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спенс го направи своето деби за Интер во пријателска победа над Лумецијане

Џед Спенс го одигра својот прв натпревар за Интер во победата од 2-0 против Лумецијане. …