Лацио приреди големо изненадување во Серија А откако после подолго време успеа да го победи Јувентус среде Торино. Дибала промаши пенал во 97-та минута.
Првото полувреме и припадна на „старата дама“ која дојде до водство преку голот на Даглас Коста. Меѓутоа во второто полувреме на сцена стапи Имобиле. Напаѓачот најпрво донесе израмнување во 47-та минута, а неколку минути подоцна и комплетен пресврт од белата точка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На крајот се случуваше вистинска драма. Патрик стартуваше над Бернардески во шеснаесетникот, а судијата со употреба на ВАР досуди на белата точка во 96-та минута.
Трагичар за „бјанконерите“ беше Дибала кој не успеа да му донесе бод на својот тим, бидејќи неговиот удар го одбрани голманот Стракоша.
Ова беше прв пораз на Јувентус на својот стадион после цели две години и 41 натпревар.