Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео кое ги открива тензиите помеѓу Шпанците, Коке промашува, а Коста до селекторот: Ти кажав!

Видео кое ги открива тензиите помеѓу Шпанците, Коке промашува, а Коста до селекторот: Ти кажав!

Ситуација која може да прерасне во проблем во соблекувалната на Атлетико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некако навикнати сме да гледаме судири помеѓу фудбалерите на Реал и Барселона, но овој пат во репрезентацијата на Шпанија „копјата ги вкрстија“ соиграчите од Атлетико!?

Тренерот на „јорганџиите“, Чоло Симеоне изгледа ќе мора да ја смирува тензијата помеѓу Коке и Диего Коста, два играчи кој се од голема важност во неговиот тим.

Имено, камерманите го уловија Коста како индиректно го советува Јеро да не му дозволи на Коке да го изведе третиот пенал во серијата. Поточно на снимката може да се види како Коста во текот на одлучувањето кој ќе ги изведува пеналите се сомнева во способноста на Коке да биде прецизвен.

„Коке е ОК“, одговара селекторот во присуство на Рамос и Карвахал.

„Тој е ОК?“, возврати Коста со јасен израз на сомневање.

Во еден момент Коке приоаѓа на групата и фрла шише со вода на теренот. Рамос тогаш го прашува дали сака да шутира пенал, Коке без размислување одговара: Да, да.

Меѓутоа неговиот удар го одбрани Акифеев, подоцна промаши и Иаго Аспас во петата серија.

Во моментот кога Коке промаши, Коста направи исчекор и му се обрати на селекторот: Ти кажав.

Да, беше во право, но тоа не е начин да го поддржиш соиграчот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…