Дома Останати Кошарка НБА Видео: Кемба испиша историја, Дончиќ го „растури“ шампионот

Видео: Кемба испиша историја, Дончиќ го „растури“ шампионот

Шарлот и Филаделфија одиграа возбудлив меч во кој Кемба Вокер реализираше рекодни 60 поени, но шоуто на крајот го украде Џими Батлер кој донесе победа за гостите. Дончиќ го предводеше Далас до нова победа.

Кошаркарот на Шарлот беше неверојатен и постигна дури 60 поени, а така испиша историја, откако стана прв кошаркар по Ален Ајверсон, кој е понизок од 185см и стигнал до таа бројка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џими Батлер погоди тројка во последните мигови и ја расипа вечерта на Кемба Вокер за победа на Филаделфија.

Далас Маверикс ја запиша најголемата победа во новата сезона на НБА лигата, откако пред својата публика го совлада шампионот Голден Стејт Вориорс со 112-109.

Лука Дончиќ постигна 24 поени и го предводеше Далас до големата победа, па уште еднаш покажа дека несомнено ќе биде откритие на сезоната во елитното натпреварување.

https://youtu.be/8RucKiZKY_E

Резултати:

Бруклин – ЛА Клиперс 119:127
Шарлот – Филаделфија 119:122
Индијана – Атланта 97:89
Њу Орлеанс – Денвер 125:115
Орландо – ЛА Лејкерс 130:117
Бостон – Јута 86:98
Чикаго – Торонто 83:122
Хјустон – Сакраменто 132:112
Далас – Голден Стејт 112:109
Феникс – Оклахома 100:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби: Еве што вели Леброн за Јокиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите во пресрет на натпрев…