Дома Фудбал Видео: Каква вечер на Фрацузинот – четири гола на Гризман против Леганес!

Видео: Каква вечер на Фрацузинот – четири гола на Гризман против Леганес!

Каква вечер за францускиот репрезентативец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Леганес на „Ванда Метрополитано“ со резултат 4:0 (2:0).

Јорганџиите до водство стигнаа во 26 минута – одличен пас од Коке до Гризман кој го совлада голманот на гостите за 1:0. Само девет минути подоцна, слободен удар за Атлетико. Антоан Гризман со одличен гол носи предност од два разлика.

Франзузинот во вториот дел продолжи онаму каде што застана после првите 45 минути. Фелипе Луис центрираше од левата страна, а Гризман се најде на вистинското место за хет-трик и 3:0.

Гризман не застана тука. Диего Коста 11 минути подоцна испрати топка на десната страна, тука повторно беше кој друг ако не Французинот кој погоди за конечни 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Свет…